Во Јужна Америка од пред неколку дена престана да се тркала фудбалската топка. Аргентина и Бразил беа едни од последните првенства кои престанаа да се играат. Сега, неколку дена подоцна, можно е фудбалските стадиони да добијат нова улога.
Поради брзото ширење на опасниот вирус, повеќе клубови во Бразил и Аргентина решија да ги дадат своите стадиони ако е потребно да работат како импровизирани болници.
Во моментов во Бразил има над 600 заразени, во Аргентина само 100, а во Чиле повеќе од 200 заразени. Засега своите стадиони на користење на здравствените власти го понудија Бока јуниорс, Сан Лоренцо, Њуел олд бојс, Сантос, Коринтијанс, Сао Пауло и други помали клубови.