Фудбалот е најважната споредна работа во светот, а во одредени држави не се бираат начини за тоа како да уживаат во мечевите и да ги бодрат своите омилени клубови. Ова посебно важи за локалните клубови.
Лига национал е најсилното ниво на фудбалско натпреварување во Гватемала. Веројатно само најголемите фанатици знаат за оваа лига или некој од клубовите во оваа земја.
На првото место во ова првенство е тимот на Кобан Империјал, клуб којшто игра на стадионот „Верапаз Жозе Анхел Роси“. Тоа е стадион кој е изграден во 1936 година и е еден од најстарите во Гватемала.
Токму на мечевите на Кобан Империјал има најмногу публика. Во просек има околу 40.000 гледачи, иако трибините на стадионот имаат капацитет од 10.000 седишта. На уникатен начин останатите фанови имаат можност да ги гледат мечевите на својот омилен тим и да има четирипати повеќе од капацитетот на стадионот.
„Верапаз Жозе Анхел Роси“ е прогласен за „најлуд“ стадион во светот и тоа е поради атмосферата која ја создаваат фановите, а воопшто не се на трибините. Стадионот е во близина на едно брдо од каде што голем број гледачи можат бесплатно да ги следат натпреварите.
Овој стадион дури е и туристичка атракција во Гватемала, а Кобан Империјал, кој е основан во далечната 1924 година, станува и светски познат благодарение на местото на кое ги игра своите мечеви како домаќин.