30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Стадионот кој го носи најславното фудбалско име ќе биде срушен!?

Еден од најпознатите стадиони во светот, „Диего Армандо Марадона“ во Наполи, наскоро може да биде срушен. За овој стадион е оценет како премногу опасен. Голем дел од стадионот кој од 2020 година го носи името на легендарниот аргентински фудбалер е оценет како опасен за користење. Поточно се работи за еден цел сектор кој има 10.000 седишта.

Тој сектор е затворен поради вибрациите откако железната ограда е заменета со стакло. По последното реновирање, стадионот има капацитет од 64.000 седишта. Сопственикот на Наполи, Аурелио де Ларуентис, планира зголемување на капацитетот за да се зголемат и приходите, но прво мора да го реши проблемот со секторот кој собира 10.000 гледачи.

Дека работите се во сериозна фаза, говори и фактот дека градоначалникот на Наполи, Гаетано Манфреди, даде дозвола за рушење на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Изградбата на овој култен стадион е започната во 1948 година, а отворен е дури 13 години подоцна. Од тој момент досега, стадионот претрпел неколку реновирања.

 

- Оглас -

Најнови вести