13.8 C
Skopje
понеделник, 2 март 2026

Стадионот кој требаше да биде поголем од „Камп ноу“ и од „Вембли“ ќе се догради, но со намален капацитет (Фото)

Кина пред шест години започна мегапроект во Гуангџоу вреден 1,5 милијарди долари, а финалниот продукт требаше да биде стадионот со капацитет за над 100.000 гледачи. Стадионот требаше да биде готов во 2022 година, но проектот беше стопиран откако локалниот клуб банкротира.

Државата го заплени градилиштетото и стадионот остана во почетната фаза од изградбата. Сепак, сега конечно беше изнајдено решение, стадионот кој го доби името „Град на цвеќињата“ ќе продолжи да се гради и ќе биде готов до крајот на оваа година, но со намален капацитет од 73.000 столчиња.

Архитектонското решение изгледа фантастично, стадионот е во форма на цвет, кој ќе ја менува бојата и со сигурност ќе биде еден од најубавите во светот. На крајот финалната верзија ќе чини 300 милиони долари, односно петпати помалку од првичната проценка.

- Оглас -

Најнови вести