Стадионот му помогна на Тотенхем да стане најскап англиски клуб

Иако 12 години нема освоено трофеј, Тотенхем е највредниот фудбалски клуб во Англија, покажа една студија на експерти од Универзитетот во Ливерпул. Овој клуб првото место го презеде од Манчестер сити.

Тотенхем во минатата сезона стигнаа до за него историско финале во Лигата на шампионите, а во последните сезони често е во Топ 4 на табелата во Премиер лигата.

Ниските плати и развиената клупска инфраструктура му помогнале на Тотенхем да си ја зголеми цената. Секако, новиот стадион вреден над 1 милијарди фунти му носи сериозни приходи на клубот. Буџетот за плати е помеѓу 100 и 150 милиони фунти понизок од тие на останатите Топ 6 клуба во Англија.

Доколку Тотенхем не се пласира во ЛШ за следната сезона, ќе има финансиски проблем бидејќи троши само колку што е заработено и нема да има премногу пари за трошење, освен ако не продаде некоја од ѕвездите како Хари Кејн.

- Оглас -

Најнови вести