Стадионот на Атлетико Мадрид од денес има арапско име!

Стадионот на Атлетико Мадрид од денес и официјално има ново име. „Метрополитано“ од своето отворање имаше два префикса, „Ванда“ и „Цивитас“, но откако летово останаа без спонзорско име, раководството на клубот тргна во потрага по компанија која би платила за името на стадионот, а очекувано, тоа го најдоа во Саудиска Арабија.

Од денес, па сè до 2033 година, стадионот на Атлетико Мадрид ќе го носи името „Ријад Ер“. Промената на името во касата на Атлетико Мадрид ќе донесе по 300 милиони евра годишно.

https://twitter.com/diarioas/status/1843718474557755508?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1843718474557755508%7Ctwgr%5E837fec59434b1c6be489d6b884d91f9310b93bdf%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fnogomet%2Fspektakularni-stadion-atletico-madrida-dobio-saudijsko-ime%2F241008178

- Оглас -

Најнови вести