Стадионот на којшто играше Македонија со Италија повторно блесна и „крцаше“ (ФОТО)

Стадионот „Ренцо Барбера“, каде што Македонија во март ја победи Италија во бараж-мечот од квалификациите за СП, вчеравечер повторно блесна и беше исполнет до последно место.

На овој стадион, Палермо ги игра своите натпревари, а на мечот од разигрувањето против Триестина имаше околу 35 илјади навивачи, а Сицилијанците отидоа во наредната фаза откако постигнаа гол преку Грегоријо Луперини во судиското продолжение и со тоа одиграа 1:1, но имаа предност од 2:1 од првата средба.

Навистина е прекрасно кога ваков култен стадион е преполн, без разлика што тимот каде што настапуваа Александар Трајковски и Илија Несторовски се наоѓа во треттата фудбалска лига на Италија.

- Оглас -

Најнови вести