На стадионот „Блумфилд“ во Тел Авив, на којшто играат Хапоел, Макаби и Бнеј Јехуда, направен е тунел за фудбалерите во којшто има вградено прскалки кои ги прскаат играчите со средство за дезинфекција (електролизирана вода). Овој тунел овозможува долготрајна заштита од корона-вирусот, а средството за дезинфекција е целосно безопасно за здравјето на луѓето, пишуваат израелските медиуми.
Прскалките работат автоматски, се вклучуваат со помош на сензори и создаваат „магла“ во која играчите треба да стојат максимум 15 секунди. Тунелот за дезинфекција го користат фудбалерите, стручните штабови и новинарите, и тоа пред почеток на натпревар и на полувреме.
„Немаме вакцина за корона-вирусот, но со овој производ подобро ќе се бориме против него. Луѓето по минувањето низ овој тунел, се чувствуваат посигурно“, велат од фирмата која ги произведува прскалките.