Бобан Стајиќ одигра одличен меч за Пелистер и со 23 поени беше прв стрелец на дербито против својот поранешен тим МЗТ Скопје во дербито на првото коло во македонската Прва Лига што го добија битолчани со 82:79.
Во меч со многу пресврти гостите од Скопје имаа предност од 38:37 по првото полувреме, потоа имаа и серија од 8:0, но не успеаа да победат.
Пелистер направи пресврт во средината на последниот период, поведе со 78:71 и забележа голема победа во дербито.
Стајиќ беше најдобар стрелец на мечот со 23 поени, а се истакна и Кесар кај Пелистер со 16 поени и 8 скока. Кај МЗТ Скопје најефикасен беше Дејвис со 21 поен, а имаше и 7 скока, додека во дебито за скопјани одлично одигра Милошевиќ со 17 поени и 11 скока.
Вчера Работнички го победи вториот тим на МЗТ Скопје, Феникс славеше против Академија ФМП, а Еуро Никел беше подобар од Гостивар.
Утре се играат двата последни дуело од премиерното коло меѓуКожув и ТФТ Скопје и Куманово со Ангели.