12.8 C
Skopje
среда, 15 октомври 2025

Стаклената ѕвезда на Барселона: 11 повреди и речиси 400 дена отсуство за четири сезони

Фудбалските репрезентативни возбудувања завршија и сега повторно е време фокусот да биде на клупските натпревари. Барселона сезонава е клуб во кој често има повредени играчи од стартниот тим, па тренерот Ханси Флик постојано има проблеми да го состави најдобриот тим.

Последен голем проблем за Флик е повредата на Дани Олмо. Шпанскиот репрезентативец заработи мускулна повреда на ногата додека беше во таборот на Црвената фурија, а според лекарските прогнози, ќе мора да паузира во следните две-три недели.

Олмо ќе ги пропушти следните четири меча на Барселона, но најважно е што нема да биде подготвен за Ел Класико против Реал Мадрид. Сепак, кога се работи за Олмо, некако станува навика тој да биде повреден.

Весникот „Марка“ потсетува дека во последните четири сезони Олмо многу често е повреден. Минатата сезона тој пропушти 17 од 67 натпревари на Барса, а додека играше за РБ Лајпциг беше исто, честопати повреден. Овој негативен тренд за Олмо започна во 2021 година и во таа сезона пропуштени 15 натпревари. Во следните две три сезони Олмо веќе стандардно повеќе од 20 натпревари беше во аут поради разни повреди.

Кога ќе се соберат сите повреди, Ова е вкупно 11-та повреда за шпанскиот репрезентативец во малку повеќе од четири сезони. Вкупно бил повреден 377 дена, што е повеќе од една година отсуство.

Оваа сезона Шпанецот досега одигра 10 натпревари, во кои постигна еден гол, но сега ќе мора повторно да се одмори меѓу 15 и 20 дена.

- Оглас -

Најнови вести