(Видео) Стаклени се колената на Кајри – Бекот на Бруклин повторно ќе паузира?

Кајри Ирвинг има многу проблеми со повредите, особено со колената и веројатно пак ќе мора да паузира, откако по дуелот со Бредли Бил се повреди и го напушти теренот во последната четвртина.

Еден од најдобрите и највешти плејмејкери во НБА лигата само што се врати во полн погон по повредата на рамото и почна да игра како што умее, сега повторно ќе очекува резултати од рентгентските снимки во страв дека повторно ќе мора да паузира.

„Се надевам дека повредата не е сериозна. Падот беше незгоден, но првите снимки покажуваат дека нема оштетување на коленото. Сепак да почекаме“ изјави Ирвинг.

Повредата се случи само една ноќ, откако Ирвинг постигна сезонски рекорд со 54 поени против Чикаго, а веднаш потоа пак имаше проблем и неславен рекорд во овој циклус во НБА со 11 поени против Вашингтон.

Сезонава, Нетс се уште го чекаат деби настапот на втората голема ѕвезда Кевин Дурант, кој е во процес на рехабилитација и не одигра ниту еден меч, откако пристигна од редовите на Голден стејт вориорс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести