20.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Стаклениот Азар изгласан за најлошо засилување во историјата на Реал Мадрид

Ретко кој очекуваше дека кариерата на Еден Азар во Реал Мадрид за помалку од две години ќе го достигне самото дно. Белгиската ѕвезда и во втората сезона како член на Кралевите не може да го покаже раскошниот квалитет поради чести повреди, а сега му следува нова пауза до четири недели.

За вкупно 150 милиони евра (вклучувајќи ги и бонусите) колку што му чинеше трансферот од Челзи, Реал буквално не доби ништо за овие нецели две сезони, па затоа Азар е изгласан за најлошо засилување во историјата на Кралскиот клуб.

Повеќе од 40.000 читатели на шпанскиот лист „Марка“ гласаа на анкетата, по што Азар доби 49% од гласовите. Зад него е Кака со 17% гласови, па Џонатан Вудгејт со 11%. Следуваат Герет Бејл со 13%, Роберт Просинечки со 6% и Арјен Робен (1%).

Офанзивецот кој неодамна наполни 30 години, поради повредите немаше прилика во целост да се истакне и да се обиде да ги оправда средствата, а анкетата е доказ дека навивачите на Реал воопшто не се задоволни од него.

- Оглас -

Најнови вести