Стана милионер фрлајќи пикадо, но не се срами да работи како доставувач

Мервин Кинг е добро познато име за оние кои ги следат натпреварите во пикадо. Низ кариерата, Кинг двапати играше во финалето на Светското првенство, а во кариерата има заработено повеќе од два милиони евра. Поради пандемијата со корона-вирусот и големите натпревари во пикадо беа откажани, а Кинг не сакаше да остане бескорисен и само да седи и да чека да се променат работите.

Моментно 22-rиот играч на светската ранг-листа во пикадо реши да работи како доставувач во „Амазон“. Тој има задача дневно да достави 200 пакети, а за тоа дневната заработка му е 132 евра. Интересно е што Кинг на работа оди со својот луксузен автомобил БМВ М6 купе кој вреди околу 50.000 евра. Неговиот автомобил го паркира пред фирмата, а потоа влегува во комбето со кое ги разнесува пакетите.

Работното време му е до 17 часот, а потоа се враќа во своето БМВ и заминува дома.

„На крајот на краиштата, сите сакаме да заработиме пари во животот. Најлесно е да се седи дома и да не се работи ништо“, кратко објасни Кинг, кој повеќе од една и пол деценија е дел од светското пикадо. Во 2004 година го освои Мастерс, во 2009 година беше второпласиран во Премиер лигата, исто како и на Светските првенство во 2012 и 2014 година.

 

- Оглас -

Најнови вести