39.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Стана светски првак во бокс откако го победи Џошуа а сега дебитираше во фудбалски клуб (ВИДЕО)

Олександар Усик пред неколку месеци стана светски шампион во тешка категорија, откако го победи Ентони Џошуа на спектаклот во Лондон, но, барем за кратко ја смени професијата.

Усик дебитираше на фудбалските терени и влезе од клупата на резерви за екипата на Полисија Житомир во рамките на втората украинска фудбалска лига.

Тој влезе во 75-та минута и само неколку секунди подоцна имаше голема шанса да постигне гол, но не се прослави. Но, тоа на крајот не му попречи на неговиот тим да дојде до победа од 2:1 против Верес Ривне.

- Оглас -

Најнови вести