Лук Литлер со само 17 години стана најмладиот светски шампион во пикадо, откако во петокот со убедливи 7-3 во финалето го совлада Германецот, Мишел ван Гервен. Британецот за освојувањето на Светското првенство освои награда од 600.000 евра, па неговата заработка во 2024 година вкупно изнесува 1.45 милиони евра.
Тој веќе е голема ѕвезда во Велика Британија и беше номиниран за најдобар спортист, но го освои само второто место. Литлер одлучи да го пресели своето семејство од мал стан во луксузна вила во елитниот дел на Варингтон. Вилата е изнајмена и чини околу 7.000 евра месечно, а располага со пет спални, базен, градина и кино.