Стана втор најскап спортист во светот: Ферстапен потпиша до 2028 година во Ред Бул

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, останува верен на тимот на Ред Бул. Холандскиот возач потпиша нов петгодишен договор, што значи дека останува во Ред Бул до 2028 година.

https://twitter.com/i/status/1499341370057756675

Официјална информација за „тежината“ на договорот нема, но се претпоставува дека Ферстапен ќе заработува меѓу 40 и 50 милиони евра по сезона. Со еден таков договор од 50 милиони евра по сезона, Ф1 возачот ќе стане вториот најскап спортист на денешницата.

Боксерот Кањело Алварез има договор со медиумскиот гигант ДАЗН вреден околу 65 милиони евра на годишно ниво, додека НБА-ѕвездата од Голден стејт, Стеф Кари, по сезона добива 46 милиони евра. Седумкратниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон, во Мерцедес добива по 45 милиони евра по сезона.

- Оглас -

Најнови вести