МЗТ Скопје и Работнички одиграа уште едно дерби, а стандардно, како и секогаш ќе има казни за неспортско однесување на навивачите на двата тима.
Според билтенот на Македонската кошаркарска федерација, и МЗТ Скопје и Работнички ќе платат по 20 илјади денари. Домашните навивачи запалија факли на трибините во салата „Јане Сандански“, а гостинските симпатизери фрлаа петарди на теренот.
Дербито го доби МЗТ Скопје, убедливо со 85:63, а очекувано, и двете екипи си добија казни за новото неспортско однесување на нивните навивачи.