Актуелниот тренер на Работнички, Горан Станиќ, се очекува да биде наименуван за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година. Ова треба да биде една од првите кадровски промени во националните селекции што ги најави новиот претседател Масар Омерагиќ.
Младата репрезентација на Македонија има слаби резултати и неизбежна е смена на селекторот Драган Канатларовски. Станиќ сезонава има одлични резултати со Работнички. По 18 кола, Работнички освои 37 бода, исто колку што има и лидерот Силекс, како и второпласираната Шкендија.
Промени може да се очекуваат и во Судиската комисија, каде што на местото на Димитар Мечкаровски се очекува да дојде Александар Ставрев. Најдобриот македонски судија Ставрев неодамна стави крај на активната кариера како главен арбитер на теренот, а сега се очекува да продолжи на уште една одговорна функција во ФФМ.