И порај поразот од Италија, селекторот на младата македонска репрезентација Горан Станиќ беше задоволен од прикажаното на теренот. Станиќ уверува дека имаа млада генерација ќе донсе радост во следните мечеви од квалификациите.
„Очекувано тежок меч против Италија која е фаворит во групата. На почетокот на мечот влеговме со голем респект кон противникот. Така беше во првите 25 минути, а потоа се опуштивме и игравме подобро. Во второто полувреме бевме многу подобри, создававме шанси, имавме шутеви, но за жал не постигнавме гол. Им честитав на момците“, вели Станиќ.
По две кола Македонија нема постигнато ниту еден гол и нема освоено ниеден бод, но Станиќ верува дека во следните дуели ќе имаме успеси.
„Овој е патот кој треба да продолжиме понатака. Поминаа само два меча и тоа против најсилните ривали. Ако продолжиме да играме вака, верувам дека ќе освоиме многу бодови во овие квалификации. Џабе подготвуваме тактика и шаблони, ако грешиме во додавања и во трета зона последното додавање е непрецизно. За тоа да се подобри потребно е работа и многу работа, посебно во клубовите затоа што тука немаме многу време ние да работиме на тие сегменти. Италијани како Италијани ја искористија и најмалата шанса што ја имаа и не казнија“, коментираше Станиќ веднаш по мечот во Битола.