Фудбалската федерација на Русија објави дека Станислав Черчесов веќе не е селектор на руската фудбалска репрезентација. Под водство на Черчесов, Русите имаа добар пласман на Мундијалот во 2018 година, но годинава на ЕВРО 2020 потфрлија, беа едно од најнепријатните изненадувања и разделбата со селекторот беше неизбежна.
Черчесов од 2016 година беше селектор, а прва задача на неговиот наследник ќе биде да ги однесе Русите на СП во Катар. Меѓу кандидатите за руски селектор се спомнува и Јоаким Лев.