Дејан Станковиќ, тренерот на фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда, по триумфот на неговиот тим против Мачва од 3-0 во мечот од српската Суперлига, за медиумите даде изјава облечен во дрес на сега веќе покојниот кошаркар Мајкл Оџо, кој почина ненадејно на тренинг во Белград. Оџо во минатата сезона играше за Ѕвезда, па Станковиќ настапи емотивно.
„Ова е за неговото семејство, за пријателите, за соиграчите, за сите кои го познаваа. Двапати го видов на аеродром и најдобар опис за него е оној дека беше џин со меко срце. Нека му е вечна слава“, рече Станковиќ, кој беше на работ да се расплаче.