29.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Станковиќ му даде гол од пола терен пред 11 години, а вчера Нојер исто така скапо ќе го платеше „излетот“ (ВИДЕО)

Мануел Нојер е познат по тоа што обожава да искача на средината на теренот за време на акциите на Баерн Минхен. Но, искусниот чувар на мрежата ваквиот излет можеше вчера скапо да го чини.

Тој во 62-рата минута ја имаше топката во своите нозе на средината на теренот, но направи погрешно додавање и таа заврши во нозете на Џерард Морено.

Но, играчот на Вилјареал на успеа да го погоди голот од половина терен и ударот заврши до самата статива.

Сето ова потсетува на 5 април 2011 година, кога Нојер, тогаш во дресот на Шалке 04, против Интер, ја изби топката со глава, која дојде до Дејан Станковиќ, кој со маестрален волеј-удар ја погоди мрежата на Германецот.

- Оглас -

Најнови вести