Станковиќ му посака среќа на својот наследник на тренерското место: Ѕвездаши, спијте мирно!

Во фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда продолжи убавата традиција на пријателско примопредавање на тренерската функција од стариот на новиот шеф на стручниот штаб.

Сега веќе екстренерот, Дејан Станковиќ, му посака среќа на својот наследник Милош Милојевиќ, кој во минатото му беше помошник на Станковиќ. И Станковиќ кога седна на клупата на белградските Црвено-бели имаше вакво сликање со неговиот претходник Владан Милојевиќ.

„Ѕвездаши, спијте мирно“, порачаа од клубот кој е српски првак и ќе игра во групната фаза од Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести