Станковиќ му се јави на Чиро Ферара и го научи како се изговара Црвена ѕвезда (Видео)

Поранешниот српски фудбалер Дејан Станковиќ, кој се прослави со игрите во Лацио и Интер во италијанската Серија А, му се јави на легендарниот ексчлен на Наполи и Јувентус, Чиро Ферара, за да го поздрави и да му објасни како се изговара Црвена ѕвезда, името на клубот чиј тренер е Станковиќ во моментов.

Причина за ова е ситуацијата од ждрепката за групите во Лигата на Европа, кога Ферара при извлекувањето, се мачеше правилно да го изговори името на српскиот шампион.

„Здраво пријателе, сакам да те поздравам од нашата соблекувална и да ти се заблагодарам што ми даваш поддршка и што навиваш за Црвена ѕвезда. Сите ти се заблагодаруваме и да ти кажам, се изговара Црвена ѕвезда“, му порача Деки на Чиро.

Ферера со насмевка го повтори името Црвена ѕвезда и се поздрави со Станковиќ.

https://twitter.com/i/status/1313067076106571782

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести