Тренерот на Сампдорија, Дејан Станковиќ, беше незадоволен од судењето на вчерашното гостување кај Рома, а при една негова лута реакција кога беше покажан црвен картон на играч на Сампдорија, фановите на Волчицата почнаа да го навредуваат и да го нарекуваат циган.
Жозе Мурињо им покажуваше на навивачите да престанат, а Србинот додека слушаше, им се „заблагодаруваше“ на навивачите кои се на јужната трибина на „Олимпико“.
„Му благодарам на Жозе, јас дури и не забележав дека им покажувал да престанат, но јас сум горд на тоа што сум. Горд сум што сум Циганин“, рече некогашниот фудбалер на Црвена ѕвезда, Лацио и Интер.