Атлетико Мадрид уште еднаш не успеа да постигне гол пред своите навивачи откако со Гранада во меч од 33-тото коло одигра само 0:0.
Тимот на Диего Симеоне не само што не успеа да ја погоди мрежата на противникот, туку имаше нов очаен настап на „Ванда Метрополитано“, откако само само еднаш упати удар во рамките на голот на Гранада, којашто пак во три наврати му се закануваше на Јан Облак.
Најдобрата шанса за Јорганџиите ја имаше Матеус Куња во самата завршница, но тој ја погоди стативата на гостите.
Со овој бод, Атлетико сега има 61 бод и во моментов е на втората позиција по 33 одиграни натпревари.