Аталанта стигна до 47-миот бод во Серија А откако со убедливи 4:0 ја совлада Сампдорија во последниот натпревар од 27-мото коло.
Тимот од Бергамо има заостанување од десет бода зад лидерите Наполи и Милан, но и натпревар помалку. Стрелци во убедливиот триумф беа Марио Пашѓалиќ (6′) и Теун Копмајнерс (29′, 61′).
Печат на победата стави Алексеј Миранчук во 86-тата минута.
Италијанската Серија А ќе ја има една од најинтересните завршници од Топ 5 лигите бидејќи пет екипи се надеваат на титулата, додека тука се и Рома и Лацио, коишто чекаат од заднина за пласман во Лигата на шампионите.