Станува ли опасно за Денвер? Дрејк се обложил на нив и чека два милиони долари добивка

Денвер нагетс води со 1:0 против Мајами хит во финалето на НБА лигата и тимот предводен од Никола Јокиќ е голем фаворит за победа и во вториот дуел. Денвер никогаш не бил НБА шампион и ова е историска шанса за овој клуб.

Светски популарниот рапер Дрејк очекува Денвер да биде НБА првак, па решил и да се обложи. Дрејк уплатил еден милион долари за тоа дека Денвер ќе биде првак во НБА, а ако тоа се случи,добивката му е 1.230.000 долари.

На друг облог, Дрејк ставил 250.000 долари дека резултатот во финалната серија ќе биде 4:1 во корист на Денвер, а ако тоа се случи, добивката ќе биде 850.00 долари.

Дрејк е познат како обложувач кој често ги промашува облозите, но овојпат реши да одигра на сигурно.

- Оглас -

Најнови вести