Манчестер јунајтед загуби на гостувањето во Лондон кај Арсенал со 3:1, во меч на кој имаше многу возбудувања. Топчиите брзо поведоа со 2:0 со головите на Таварес и на Сања од пенал, а Манчестер преку Кристијано Роналдо даде гол за 1:2.
Во второто полувреме Бруно Фернандеш промаши пенал за гостите со кој можеа да израмнат на 2:2, а потоа Топчиите со погодокот на Џака стигнаа до 3:1. На Арсенал му беше поништен еден гол по сугестија на ВАР системот, но прашање е дали оваа технологија која треба да им помага на судиите, перфектно ја заврши работата на дербито?
Пред крајот на првото полувреме, Седрик падна во шеснаесетникот и со рака ја сопре топката, но ВАР системот не сигнализираше, иако јасно беше дека за вакви моменти се покажува на белата точка.