Шпанската тенисерка Паула Бадоса го предаде мечот од четвртфиналето откако доживеа топлотен удар. Тенисерката која е на 29-тото место на ВТА-листата го загуби првиот сет од Маркета Вондроушова од Чешка со 3:6, а беше толку многу исцрпена, што едноставно веќе не можеше да стои на нозе.
Лекарите реагираа и беше констатирано дека Бадоса доживеала топлотен удар, па бидејќи веќе не можеше да стои на нозе, со количка беше изненсена од теренот.
Денеска во Токио има тешки услови за игра затоа што температурата е над 30 степени, а влажноста на воздухот е многу голема. Дури и рускиот тенисер Данил Медведев мораше да бара медицински тајмаут, а потоа го запраша судијата кој ќе биде одговорен доколку тој умре на теренот.
На машкиот дел од турнирот се случи едно големо изненадување откако Гркот Стефанос Циципас загуби од Французинот Хумберт со 6:2, 6:7, 2:6. Циципас лесно го доби првиот сет, а вториот го загуби во тај-брејк. Тогаш Гркот се повреди, но не сакаше да се откаже и повреден играше во решавачкиот трет сет.
Oh No… Stefanos Tsitsipas injured pic.twitter.com/XE6vRC9zag
— Tennistonic (@tennistonic) July 28, 2021