Станува се полудо – Голема фудбалска легенда ќе навива за Украина против својата Шкотска

Греем Сунес е една од најголемите шкотски фудбалски легенди, но ја разочара спортската јавност во својата земја со изјавата дека ќе навива за Украина на бараж мечот за Мундијалот во Катар, што ќе се игра на „Хемпден Парк“ во Глазгов на 1. јуни.

Победникот од овој дуел ќе игра со Велс во завршниот бараж меч за настап на Свесткото првенство што ќе се игра во ноември и декември оваа година.

„Можеби ќе разочарам некого во Шкотска, но сакам Украина да победи, а потоа и да игра на Мундијалот во Катар и да ја освои титулата. Без разлика дали се работи за политика, спорт, култура… мора да и испратиме порака на Русија дека тоа што го прави е неприфатливо“, изјави Сунес.

Греем е еден од најпознатите шкотски играчи и легенда на Ливерпул и Глазгов ренџерс.

Со Ливерпул беше дел од генерацијата што дури трипати беше европски првак со триумф во тогашниот Куп на европски шампиони во 1978, 1981 и 1984 година.

За Шкотска има 54 настапи со 4 постигнати голови, а беше и селектор на Храбрите Срца.

 

- Оглас -

Најнови вести