Станува сериозно за трите гиганти – УЕФА почнува дисциплинска постапка против најупорните Суперлигаши

Станува многу сериозно за трите европски фудбалски гиганти, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, откако денеска УЕФА најави почеток на истрага за прекршување на законите на трите најупорни Суперлигаши.

Овие три екипи сè уште го немаат официјално напуштено концептот наречен Суперлига, што пропадна само по два дена откако беше промовиран, па сега УЕФА може да го возврати ударот.

Денеска од УЕФА одредени се инспектори што ќе поведат постапка и истрага за евентуално прекршување на нормите, што може да доведе и до суспензија на триото европски гиганти од сите натпреварувања под капата на Европската куќа на фудбалот.

Се најавува можна двегодишна суспензија, што би значело дека Реал, Барселона и Јувентус можат да останат со празни раце и без учество во Лигата на шампионите, или Лигата на Европа и секако без Суперлигата, концепт што пропадна по повлекувањето на останатите 9 клуба, кои беа планирани за учество во првата сезона од новиот фудбалски проект.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести