Стапица за „волците“ во Саутхемптон, радост за Фулам по девет нанижани порази

Саутхемптон триумфираше со 3-1 против Вулверхемптон во мечот кој се одигра во рамките од 34-тото коло во Премиер лигата. „Светците“ до трите бода стигнаа со двата погодоци на Редмонд во втората и 30-тата минута и еден на Лонг во 71-та минута, додека почесниот гол за „волците“ го постигна Боли во 28-та минута од мечот.

Благодарение на двата гола на Крис Вуд, Барнли на домашен терен славеше со 2-0 против Кардиф.

Фулам по девет последователни порази во шампионатот конечно се израдува, победата од 2-0 против Евертон ја донесоа Керни и Бабел.

Единствената победа на гостинска екипа ја оствари Борнмут против Брајтон со убедливи 0-5.

- Оглас -

Најнови вести