Стара болка на нов меч – Македонија прими гол кога доминираше, 1:1 е на полувреме со Азербејџан (Видео)

Македонија доминираше во првото полувреме против Азербејџан, имаше и прекрасни акции, но ни се повторија старите проблеми и примивме гол во екот на асполутна иницијатива, а Елвин Чафаргулиев во 38. минута израмни на 1:1.

Претходно со гол од пенал на Енис Барди во 25. минута поведовме со 1:0, а капитенот на Македонија погоди втор пенал по ред, по тој во ремито 1:1 со Финска пред три дена.

Фаулиран беше Елиф Елмас, а Барди беше сигурен од белата точка и Македонија поведе.

И потоа во екот на голема иницијатива гостите изведоа контра, ја одиграа одлично и Чафаргулиев погоди лесно за 1:1 по првото полувреме.

 

- Оглас -

Најнови вести