Стара приказна, Ливерпул си гази во Премиер лигата (видео)

Ливерпул сигурно чекори кон титулата во англискиот шампионат откако пред актуелниот европскиот првак се покори и Саутхемптон. Црвените славеа со 4-0 на „Енфилд“ за 24-та победа по 25 меча во Премиер лигата, со која уште повеќе се зацврстија на врвот на табелата.

Домаќините до трите бода дојдоа со погодоците на Окслејд-Чембрлен во 47-та и капитенот Хендерсон во 60-тата минута, а ако постоеја дилеми до тогаш ги реши Салах запишувајќи се како двоен стрелец во 72-та и 90-тата минута.

Ливерпул сега има 73 бода од можни 75, додека Светците сега застанаа на 11-тата позиција со 31 бод.

https://twitter.com/DONSPORTS4/status/1223639161141329920

https://twitter.com/Strange_Stats/status/1223643216630681600

Останати резултати од 25-тото коло во Премиер лигата:

Борнмут 2-1 Астон вила, Кристал палас 0-1 Шефилд јунајтед, Њукасл 0-0 Норвич, Ватфорд 2-3 Евертон, Вест хем 3-3 Брајтон.

- Оглас -

Најнови вести