Лече – Јувентус (Серија А, 15 часот)
Јувентус се уште е единствената непоразена екипа во Калчото, а Лече е меѓу тимовите со најмногу порази. И двете екипи имаат посебен потстрек пред денешниот дуел. Јувентус со пресврт во финишот на мечот од ЛШ ја победи Локомотив со 2:1, а претходно Лече со погодок во последните моменти на „Сан Сиро“ го шокира Милан со реми 2:2, во меч од претходното коло во Серија А.
Лече по 8 кола е екипата со најмногу примени голови во Серија, точно 17, што во просек е повеќе од два гола по меч. Фабио Ливерани ќе мора доста да работи за да се подобри дефанзивата, но затоа нападот на Лече е опасен. Го предводат Бабакар и Фалко, а зад нив е Манкосу, кој е најдобар стрелец на тимот со 4 погодоци. Тоа е најдобриот дел од тимот, Јувентус се уште се „штима“ во одбраната што сезони наназад беше најдобра во Италија, па очекуваме голови.
Старата дама има напорен распоред, но сепак е за неколку класи подобра од Лече и ќе победи.
Предлог тип: 2&2-4 гола (2.05)
Шалке 04 – Борусија Дортмунд (Бундеслига, 15.30 часот)
Дербито на Рур прераснува во една од најубавите фудбалски приказни на Стариот континент, а во последно време гледавме спектакуларни мечеви. Имаше и пресврти и шокантни резултати, анулирање на негатива од 4 гола, офанзивен фудбал и прекрасна атмосфера, беа разлика дали се игра во Гелзенкирхен, или во Дортмунд.
Шалке под палката на Американецот Давид Вагнер игра многу подобро од ланската сезона и по 8 кола засотанува само за два бода зад водечкиот тандем во Бундеслигата, Борусија Менхенгладбах и Волфсбург и еден бод зад триото екипи во кои е и Борусија Дортмунд.
Во дебито на Рур се игра за многу поголем влог од бодовите, ќе се игра и за престиж, за задоволство да се победи големиот ривал, а очекуваме стандардно мнпгу голови, игра без калкулации и офанзива на двете екипи од самиот почеток на мечот.
За домаќините сигурно нема да игра Бенталеб, неизвесен е и Сердар, а кај гостите до последен момент виси настапот на Ројс и на Шмелцер.
Предлог тип: 4+ (2.85)
Ватфорд – Борнмут (Премиерлига, 16 часот)
Ватфорд и Борнмут имаат интересен серијал на ефикасни меѓусебни дуели и на пет од последните шест меча одиграа 4+. Особено возбудлив им беше последниот меч во Премиерлигата игран веднаш по Нова година, кога по многу пресврти конечниот резултат беше 3:3.
Ватфорд тргна лошо во новата сезона во Англија и е единствениот тим без победа во 9 кола. Многу недостасува најдобриот стрелец Трој Дини, кој повторно нема да игра, а во аут се и Холебас и Велбек. Неизвесен е настапот на Капуе, Продл и Саксес, што е голем хендикеп за фенерџијата во Премиерлигата.
Борнмут има 12 бода, 8 повеќе од денешниот ривал, но и популарните „цреши“ влегоа во криза и немаат победа на последните три меча. Денеска пак ќе бидат без Станислас, Даниелс, Брукс и Гослинг, а неизвесен е Лерма, но дуото Вилсон – Вилсон е во топ-форма што ги прави гостите фаворити за четврта победа.
Овде ќе ја почитуваме традицијата и ќе одиграме на голови.
Предлог тип: 4+ (2.75)
Баер Леверкузен – Вердер (Бундеслига, 18.30 часот)
Фармацевтите имаат мала криза и серија од четири меча без победа, откако одлично ја почнаа новата сезона. Шансите во Лигата на шампионите за пласман понатаму се минимални по трите порази, па сите карти ќе бидат фрлени кон подобар пласман во Бундеслигата.
И Вердер почна одлично, но сега серијата е четири меча без победа во домашното првенство, па има и критики за тренерот Флоријан Кохфелт.
Во последно време Баер и Вердер играат многу ефикасни меѓусебни дуели, а незаборавна е ланската победа во овој период на Баер од 6:2 како гостин на „Везер“ во Бремен.
И сега нема да има многу калкулации, па очекуваме нов атрактивен и ефикаден меч на двете екипи.
Предлог тип: 4+ (2.10)
Лион – Мец (Лига 1, 20 часот)
Лион е во криза, па на најдобрата француска екипа во овој милениум, некако и не и рпилега 17. место во домашниот шампионат.
Почетокот на „Лавовите од Жерлан“ и не беше лош, но сега дојдоа до пет меча без победа и се изненадувачки на една позиција над зоната за испаѓање.
Мец е веднаш над нив, со 11 бода, еден повеќе на 16. место, но за нив гостувањат во Лион се кошмарни. Имаат 8 порази по ред на гостински терен против денешниот ривал и пет неуспеси на последните пет меча без постигнат гол против Лион, со катастрофална гол-разлика од 0:17.
Лион игра и на европски фронт, има и замор кај играчите, што ќе биде предност за Мец, но време е најтрофејниот клуб во овој милениум со 7 титули да се врати на победнички колосек.
Предлог тип: 1&3+ (2.25)
Во специјалната дневна понуда на Sport Life со единствени квоти само во реномираната обложувалница можете да ги одиграте следните три натпревари:
Баерн Минхен – Унион Берлин (Бундеслига, 15.30 часот)
Предлог тип: 1-1&2+ прво полувреме (2.25)
Интер – Парма (Серија А, 18 часот)
Предлог тип: Т1 1+& T1 3+ (2.55)
Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао (Ла Лига, 21 часот)