Старата дама се поднови со екстра засилувања, и двајцата постигнаа гол во дебито (Видео)

Јувентус, барем според почетокот и деби-мечот на Душан Влаховиќ и Денис Закарија, одлично ги погоди двете големи засилувања во преодниот рок.

Вечерва и двајцата се стрелеци за Старата дама во својот дебитантски меч за „црно-белите“ против Верона.

Поскапото засилување, Влаховиќ, му донесе предноста на Јувентус со гол во 13-тата минута, а потоа прецизен беше и Закарија.

Играчот што за 8 милиони евра дојде од Борусија Менхенгладбах беше прецизен во 61-вата минута, а целиот напад на Јуве функционира одлично.

Пауло Дибала му беше асистент на Влаховиќ, а Алваро Мората со додавање му помогна на Закарија да го постигне деби-голот во дресот на Јувентус.

Голот на Закарија можете да го погледнете ОВДЕ.

 

 

- Оглас -

Најнови вести