Старата љубов не се заборава, Левандовски со поддршка за Баерн

Некогашната ѕвезда на Баерн Минхен, а сега прв напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски, преку социјалните мрежи испрати поддршка до Баварците кои водат битка со ПСЖ од осминафиналето на ЛШ.

„Напред Баерн“ – порача Полјакот на Инстаграм, а од Баерн му се заблагодарија за поддршката.

Левандовски е во аут од европските купови, Барса е елиминирана, па единствена опција му е врвен клупски фудбал да гледа на телевизија како навивач.

- Оглас -

Најнови вести