12.8 C
Skopje
вторник, 2 септември 2025

Стариот добар Хари Реднап се нуди да биде тренер на Тотенхем ако биде сменет Конте

Еден од најценетите англиски фудбалски стручњаци, 76-годишниот Хари Реднап, изјави дека ако Антонио Конте биде сменет, тој со задоволство би седнал на клупата на Тотенхем дури и како помошник или советник на Рајан Мејсон, кој е главен фаворит за привремен тренер на тимот во случај на разделба со Конте.

Реднап работеше во Тотенхем од 2008 до 2012 година, период во кој за лондонските Петли играа Герет Бејл, Лука Модриќ и други ѕвезди.

„Искрено, ако ме побараат, тешко ќе ми биде да кажам не. Даниел Леви ми се нема јавено, но ако ми се јави, ќе го прифатам предизвикот. Сега сум во лер, играм голф. Не ми е до парите, туку би прифатил како предизвик. Убаво е чувството кога се победуваат натпревари“, рече Реднап.

- Оглас -

Најнови вести