Старт за Јувентус како од кошмарите (Видео)

На португалскиот првак Порто му беа потребни само 70-тина секунди за да стигне до водство од 1:0 против Јувентус, во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Играчите на Јувентус ја имаа топката во своите нозе, решија да ја вратат назад до голманот Шченсни, кој додаде до Бентакур. Наместо да ја исфрли топката подалеку од голот, Бентакур реши повторно да ја врати кон својот голман, но тоа го направи многу несмасно и му даде подарок на Мехди Тареми, кој успеа да ја затресе мрежата на Јувентус за водство од 1:0.

Погодокот може да го видите ТУКА.

На Јувентус ќе му биде тешко да го скрши отпорот на домаќините кои до овој меч цели 467 минути немаат примено гол во Лигата на шампионите.

Освен Порто, предноста на домашен терен по првите неколку минути ја искористи и Севилја, која има предност од 1:0 во дуелот со Борусија Дортмунд. Сусо го даде голот за шпанскиот тим во седмата минута.

- Оглас -

Најнови вести