Старт на сезоната со главоболки: Лампард без напаѓач против „својот“ Челзи

Френк Лампард, менаџерот на Евертон, на два дена пред стартот на новата сезона во Премиер лигата се соочува со потешкотии во составување на тимот во пресрет на дуелот против неговиот ексклуб Челзи.

Имено, првиот напаѓач Доминик Калверт-Луин се здоби со повреда на коленото и му се предвидува пауза од еден месец. Англискиот напаѓач многу веројатно ќе пропушти неколку кола, а за да биде поголема главоболката, Лампард нема кому да му ја даде напаѓачката задача. Саломон Рондон треба да отслужи уште еден натпревар суспензија од минатата сезона откако беше исклучен во дуелот со Брентфорд во 36-тото коло.

Карамелите воедно останаа без Ришарлисон по неговиот трансфер во Тотенхем во овој преоден рок. За него донесена е замена, но за крилните позиции во Двајт Мекнил, додека Бразилецот знаеше да се снајде и како класична „деветка“.

Ќе биде интересно да се види како Лампард ќе го постави својот тим во сабота попладне, кога на „Гудисон парк“ ќе ги пречека Сините од Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести