Старт од соништата на „Олд Трафорд“: Фернандеш со хет-трик, Погба направи чудо невидено

Манчестер јунајтед на блескав начин ја започна новата сезона во Премиер лигата, откако на „Олд Трафорд“ со убедливи 5:1 го победи Лидс. Црвените ѓаволи на полувремето водеа минимално со 1:0, а во второто полувреме Лидс најпрво израмни на 1:1, за да потоа следуваше шоу на домаќините.

Во главна улога кај Манчестер беа Бруно Фернандеш и Пол Погба. Првиот беше задолжен за погодоци и постигна хет-трик, додека францускиот репрезентативец имаше неверојатни четири асистенции и тоа во само 68 минути.

Фернандеш е само 10-тиот играч во историјата на Премиер лигата што постигнал хет-трик во првото коло. Манчестер јуанјтед таков играч немал од времето на Лоу Макари кој во 1977 година даде три гола на првиот меч против Бирмингем.

Погба минатата сезона во 26 меча во Премиер лигата имаше само три асистенции, а сега за нешто повеќе од еден час нареди четири додавања за гол. Во историјата на Премиер лигата само четворица фудбалери успеале да имаат четири асистенции на еден натпревар, а тој е прв што му успеало вакво нешто во дресот на Црвените ѓаволи.

 

- Оглас -

Најнови вести