Во дербито на француската Лига 1, ПСЖ со минимални 1:0 го совлада Олимпик Марсеј во натпревар кој изобилуваше со жестоки дуели.
Стрелец на единствениот гол беше Нејмар во првата минута од судиското продолжение, но Бразилецот се најде во центарот на вниманието и во 72-рата минута, но од сосема друга причина.
Имено, фудбалерот на Олимпик Марсеј, Самуел Жиго, имаше „дивјачки“ старт над него, поради што доби црвен картон.
Судијата Клеман Турпан не се двоумеше ниту една секунда за исклучувањето бидејќи стартот беше брутален.
Иако контактот не беше жесток, Жиго очигледно е дека имаше намера да го повреди Нејмар и доколку го удреше во зглобот, огромни беа шансите дека ќе дојдеше до скршеница и повреда, која сигурно ќе го оставеше Бразилецот без настап на Мундијалот во Катар.