Стартни состави: Ливерпул и во Шпанија тргнува со офанзивната тројка, Жолтата подморница само со еден шпиц

Ливерпул има позитива од 2:0 против Вилјареал, но многумина сметаат дека токму тој резултат знае да биде најопасен пред реванш затоа што тимот кој е во позитива знае да се релаксира.

Сепак, според составот на Јирген Клоп, Ливерпул и во Шпанија ќе игра ангажирано и напаѓачки, во стандардната формација 4-3-3. Салах, Мане и Жота се во офанзивниот дел, а дефанизвниот ред е во стандардната четворка, Александар-Арнолд, Конате, Ван Дајк и Робертсон.

Вилјареал не може офанзивно да се надигрува со Ливерпул, па иако домаќините треба да бркаат два гола заостанување, сепак, тренерот Унаи Емери се реши за подефанзивна формација 4-4-1-1.

- Оглас -

Најнови вести