26.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Составот на Македонија со кој не смееме да загубиме од Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација попладнево во Никозија има мисија да го задржи првото место во групата од Лигата на нациите, а со тоа и да се избори за пласман во Сегментот Б за следниот циклус. Македонија е лидер во групата со 9 бода, еден повеќе од Ерменија, што значи дека нам ни одговара и нерешен резултат, додека противникот мора да брка победа.

Селекторот Игор Ангеловски има многу проблеми околу составот затоа што недостасуваат повеќе стандардни првотимци. И покрај тоа, Ангеловски најави дека Македонија ќе оди на победа затоа што тој како тренер „не знае“ да игра на нерешено.

Се очекува Македонија да стартува во формација 3-5-2, и тоа со Шишковски на голот. Во дефанзивниот ред треба да бидат Зајков, Велковски и Муслиу, а од страничните позиции да помагаат Ристовски и Бејтулаи. Борбата на средината на теренот треба да ја водат Тотре и Костадинов, а малку поистурен треба да биде Трајковски. Во нападот двете места треба да бидат резервирани за Несторовски и Тричковски.

Ерменците денеска се соочија со големи проблеми околу составот затоа што дури четворица фудбалери се покажаа дека се позитивни на корона-вирусот на последното тестирање. Доколку сакаат да завршат на првото место во групата, Ерменците мора да победат против Македонија.

 

- Оглас -

Најнови вести