Ливерпул освои бод на дербито против Евертон, но англискиот првак може да се каже дека е вистински губитник на дербито. ВАР системот во две ситуации пресуди против Ливерпул и тоа беа ситуации каде милиметри одлучуваа. Освен што не победи, Ливерпул остана без клучниот играч во одбраната Вирџил ван Дајк.
Холандскиот репрезентативец мораше да го напушти теренот по само неколку минути игра, откако врз него остро стартуваше голманот на Евертон Џордан Пикфорд. Чуварот на мрежата на домаќините со две нозе стартуваше директно на коленото на Ван Дајк и го повреди. Само поради ВАР системот кој покажа дека имало минимален офсајд, Пикфорд се спаси од црвен картон, но Ван Дајк не се спаси од повреда.
По направените прегледи, се очекува тој да паузира седум месеци, затоа што се работи за скинати лигаменти на коленото.
Дека на Пикфорд не му е прв пат вака остро со двете нозе да стартува, потврдува и снимката од пред две години, а ситуацијата е речиси иста. На дуелот против Тотенхем, Деле Али беше во напад, а судиите покажаа дека има офсајд. И покрај тоа, Пикфорд со двете нозе отиде директно на ногата на играчот на Тотенхем. За среќа Али успеа некако да избегне директен старт на ногата, па остана неповреден, иако јасна е намерата на голманот на Евертон.
So Dele Alli and Virgil van Dijk are both on Jordan Pickford’s list of victims now. Commentary on this clip from two years ago says it all.
To be fair, it may help Everton if he’s banned given his woeful form pic.twitter.com/fNix6g3vaB
— Kevin Palmer (@RealKevinPalmer) October 17, 2020
И пред две години и сега, Пикфорд не заработи ни жолт картон.