Во новото, 25-то коло по ред од седмата сезона на Спортска прогноза имаше еден специјален дуел. Тоа е дербито од македонското фудбалско првенство меѓу Пелистер и Вардар. Вечните ривали ќе играат в сабота, од 15 часот, на стадионот во Битола, а сега сите фанови имаат можност и да типуваат како ќе заврши мечот.
Пелистер е подобропласиран од Вардар на табелата, игра пред своите навивачи, но Вардар е во налет, па ќе биде добро да се види кој е поблиску до победата, барем според прогнозерите.
Освен дербито на македонското првенство, тука се уште 12 други натпревари од Топ 5 лигите од Европа. Како и во секое коло така и сега, главна цел на сите е да се обидат да погодат Среќна 13-ка, односно да ги погодат сите 13 фикса.
Прогнозерот кој тоа ќе успее да го направи, односно да биде перфектен без ниту една грешка, ќе има можност да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени се добива вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а 11-ката вреди ваучер од 500 денари.