Стартува и финалето на Западот: Едвардс и Дончиќ еден против друг во битка за големото НБА-финале (Фото)

Вечерва, во 02.30 часот по полноќ по средноевропско време ќе започне и финалната серија во Западната конфенреција, каде што нема да го има сè уште актуелниот шампион Денвер нагетс.

Денвер одбраната на титулата ја заврши во полуфиналето на Западот, каде што Минесота тимбервулфс славеше со 4-3 во победи.

Противник на Минесота ќе биде Далас маверикс, кој во шест меча со 4-2 во победи беше подобар од најдобриот тим на Западот од регуларниот дел од сезоната, Оклахома сити тандерс.

Овие натпревари ќе претставуваат дуел меѓу Ентони Едвардс од едната и Лука Дончиќ од другата страна.

Дваесет и двегодишниот Едвардс игра фантастично во плејофот, во дуелите против Феникс санс (4-0) и Денвер (4-3) просечно постигнуваше по 28,9 поени и најави дека ќе биде идната голема ѕвезда во НБА-лигата.

Лука Дончиќ од пристигнувањето во НБА е еден од најдобрите играчи во најсилната кошаркарска лига на светот, а сезонава заврши како трет во трката за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната (МВП). Ниту повредата не го спречи Дончиќ да го елиминира тимот на Оклахома сити.

Токму нивните дуели ќе бидат во фокусот во битката за големото финале, а и двата тима имаат дополнителни адути за пласман во големото финале. Минесота ја има најдобрата одбрана во плејофот, и тоа благодарение на Руди Гобер, кој беше прогласен за најдобар дефанзивец во регуларниот дел од сезоната.

Кај Далас, покрај Дончиќ, најмногу се очекува од Кајри Ирвинг, кој во плејофот постигнува 21,1 поен по натпревар.

Во регуларниот дел од сезоната, Минесота и Далас одиграа четири меча меѓу себе, а Едвардс и соиграчите славеа на три.

Фаворитската улога на првиот натпреваер ја има Минесота, а квотата во Sport Life за победа изнесува 1.62, додека таа за триумф на Далас е 2.60.

Во понудата на Sport Life има одлична понуда за „плус-минус“ ефектот на кошаркарите. Огромен е бројот на играчи кои може да ги одиграте за бројот на постигнати поени, скокови, асистенции, но и комбинираната игра на збирен број на поени-скокови-асистенции.

- Оглас -

Најнови вести