Стартува разврската во ракометниот Куп, Вардар го брани трофејот, Е. Пелистер оди по двојна круна, а свои сметки има и Алкалоид

Од денеска, па до сабота во салата „Билјанини извори“ во Охрид ќе се игра завршницата во ракометниот Куп на Македонија во машка и во женска конкуренција.

Бранител на трофејот кај мажите е Вардар, кој повеќе од сигурно ќе остане без еден трофеј од минатата сезона откако загуби во дербито на Суперлигата од Еурофарм Пелистер минатиот викенд.

Во полуфиналето, бранителот на трофејот Вардар ќе игра против Алкалоид, тимот кој ги совлада Црвено-црните на последната пресметка во Автокоманда, со која му направија услуга на Е. Пелистер. Натпреварот ќе се игра од 20 часот.

Во првото полуфинале, кое ќе започне во 17.30 часот, ќе се сретнат Еурофарм Пелистер и Пролет. Откако го совладаа Вардар во дербито во Суперлигата, викендов ќе се обидат да дојдат до трофејот и во Купот и да ја освојат двојната круна. Битолчани ги добија сите четири меча сезонава во Суперлигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести