Стартува шестата сезона на Спортска прогноза, секое коло играте за вредни и богати награди

Денеска стартува новата, шеста сезона на бесплатната и популарна Спортска прогноза која ја организираат Спорт Манија и Sport Life на задоволство на обложувачите коишто имаат СЛ клуб картичка.

Новата сезона на Спортска прогноза во која играчите на Sport Life имаат СЛ клуб картичка со која бесплатно ќе може да тупуваат на предложените натпревари од најсилните пет европски лиги ќе биде поразлична од претходната во поглед на наградите.

Главна новина е што за 13 погодоци, подарокот не е Икс бокс, како што беше минатата сезона, тука најуспешниот ќе може да бира меѓу Сони плејстејшн 5, смарт телевизор самсунг 55” 4K, електричен тротинет Xiaomi.

Прогнозерите со 12 погодоци добиваат ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а за 11-ка ваучер од 500 денари. Сите правила и детали околу шестата сезона може да ги најдете ТУКА.

Првото коло почнува во 15.30 часот в сабота и тоа е крајниот термин до кој може да типувате. Во сабота се играат седум натпревари, и тоа: Келн – Волфсбург, Брентфорд – Кристал палас, Евертон – Вулверхемптон, Кадис – Алмерија, Б. Менхенгладбах – Б. Леверкузен, Монца – Емполи и Гранада – Мајорка.

Неделната понуда ги содржи паровите Монпелје – Ремс, Стразбур – Тулуз, Мајнц – Ајнтрахт Ф. , Њукасл – Ливерпул, Валенсија – Осасуна и Ница – Лион.

Во секое коло има и два резервни пара, а за првото коло во новата шеста сезона се Барнли – Астон вила и Виљареал – Барселона.
И овие два резервни пара се многу важни бидејќи освен што се бројат за Генерален пласман, може да ви донесат многу среќа ако во колото не сте единствен со 13-ка.

Стандардно, награди ќе има за првопласираните петмина во Генералниот пласман. Победникот добива ваучер од 30.000 денари од „Анхоч“, а за тие од второ до петто место предвидени се СЛ Маркет поени. Второто место носи 500.000 поени, третото 400.000, четвртото 300.000, а петтото место 200.000 СЛ Маркет поени.

Приклучете се, не испуштајте ниту едно коло од шестата сезона на Спортска прогноза, редовноста и упорноста се исплаќаат!

- Оглас -

Најнови вести